За Нас

 

Компанијата ,,Чавле 1950” претставува специјализирана компанија за изработка на мебел. Почетоците на истата датираат од далечната 1950година, започнувајќи како скромна занаетчиска работилница. Посветеноста кон инволвирање на квалитет во секој произведен производ, поединечно, нè направи една од поуспешните компании на нашите простори. Денес, во склоп на нашето работење располагаме со богато опремен продажен салон во Скопје, Кисела Вода на ул. Антон Попов бр.1, кој го опремуваме со наше сопствено производство во нашата фабрика во Прилеп. Фабриката се простира на површина од 2000м2. Истата е опремена со најсовремени машини за производство на производите. Нашиот тим, кој брои околу 60 вработени, е специјално квалификуван во соодветната област. Посветени на квалитетот, препознавањето на желбите на купувачите, како и вреднувањето од страна на истите, нè направија она што сме денес.

Во однос на нашите производи, можеме да Ви понудиме широка палета на производи на трпезариски маси, столови, клубски маси и гарнитури.

 

Со посебна почит,

Чавле 1950 ДООEЛ Прилеп

Chavle Furniture Chairs and Tables - Столичара Чавле © 2019. UKION SHOPS